Наскоро ќе бидат познати добитниците на акциските грантови на Цивика мобилитас
Заврши проверката на административната усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците на акциските грантови да бидат познати кон средината на јули, по што ќе бидат известени сите пријавени организации.

Првиот повик за акциски грантови беше објавен на 22 април 2015 година, и до последниот рок, на 20 мај 2015 година, пристигнаа вкупно 113 пријави. Меѓу пријавените има организации од повеќето плански региони, активни на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво.
Информативната сесија за повикот се одржа во мај и на неа учествуваа над 100 заинтересирани претставници на граѓански организации.
Улогата на граѓанските организации во решавањето на општествените проблеми, особено на актуелната политичка криза беше главната тема на панелот што се одржа во рамките на Националниот форум на Цивика мобилитас насловен „Време на предизвици“ на 16 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Струга.
Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор.