„30 години граѓански активизам“ – за подобро општество за сите
Многу сонце, насмеани лица, повторни средби – вака изгледаше атмосферата на вчерашниот Фестивал на Цивика мобилитас – „Ден на граѓанските организации“, во Градски парк на Школка. Околу 90 граѓански организации ги поставија своите штандови, ги наполнија со информации за нивните активности и постигнувања и се дружеа со граѓаните. Главните пораки што ги испратија од Фестивалот…