Почна спроведувањето на третата фаза на Цивика мобилитас

Со почетокот на 2019-та година, започна со спроведување новата, трета фаза, на програмата Цивика мобилитас. Таа ќе трае четири години и ќе продолжи да им служи на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество да остваруваат значајни општествени промени.
Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), а ќе продолжат да ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Програмата ќе придонесе кон подобрување на овозможувачката околина преку креирање механизми за соработка меѓу граѓанските организации и властите; ќе им помогне на организациите да изградат силна односи со конституенти; ќе влијае соработките меѓу организациите да прераснат во долгорочни и одржливи партнерства и мрежи; а исто така ќе придонесе за зголемено граѓанско учество во носењето одлуки, што води до подобри политики и практики.
Овие резултати Цивика мобилитас ќе ги постигне со неколку методи: финансиска поддршка за граѓански организации преку грантови (институционални, акциски и мали); дискусии и вмрежување преку 20 форуми и настани за вмрежување, директна менторска поддршка и фацилитација за организациите; јакнење на капацитети преку 20 работилници и обуки; информирање преку квартални електронски билтени и над 100 стории.
Буџетот на програмата околу 5.9 милиони швајцарски франци, од кои 3.7 милиони се наменети за грантови.
Цивика мобилитас ве поканува да учествувате на настаните што ќе ги организира во рамките на „Д-фестивалот“ во Дојран што се одржува од 17 до 19 јули 2015 година.
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.