Дали знаеме какви општествени промени предизвикуваме?
„Вие доаѓате од различни организации и допирате до комплетно различни целни групи. На различен начин зборувате за вашата организација со пријател, со донатор или со претставник на владина институција.“ Со ова, Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, ја започна денешната работилница (21.2.2018) „Мерење и комуницирање на општествената промена која ја предизвикувате“. 
На работилницата учествуваа 16 претставици на институционални и акциски грантисти на Цивика мобилитас. Институционалните корисници на грантови најчесто се соочуваат со пречки за ефективно да ги претстават своите постигнувања, бидејќи ваквите грантови се однесуваат на внатрешното јакнење на нивните организации. Покрај Форестер, Душко Тодороски, од Асоцијацијата Зенит, и Гонце Јаковлеска, од Македонскиот центар за меѓународна соработка, ги фацилитираа денешните сесии.
Во текот на работилницата беа претставени „Синџирот на резултати“, мерните показатели, а се дискутираше и за важноста од ефективната комуникација за граѓанските организации. Исто така, се споделија позитивни примери на граѓански организации од Македонија и од странство, кои знаат на импресивен начин да ги споделат податоците од своите проекти и кампањи.

Практичниот дел се состоеше од индивидуални и групни вежби во кои учесниците можеа наученото да го применат на примерот на организацијата од која доаѓаат. Тие се согласија дека понекогаш премногу се посветуваат на работата од својот проект, а не обрнуваат доволно внимание на презентирање на направеното во јавноста. Според нив, ова е резултат на недостиг на човечки ресурси кои би се бавеле со комуникација.
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.
Под ова мото се одвиваше регионалниот форум на Цивика мобилитас за полошкиот и скопскиот регион што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 25 октомври 2016 година. Вкупно 62 претставници на граѓански организации, граѓански иницијативи, медиуми и институции разговараа не само за загадувањето кое не е нова вест во двата региони, туку за тоа како да се најдат решенија за загадената почва, вода и воздух.