Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации
Во духот на приближувањето на граѓанскиот сектор кон својот двигател – граѓаните, Цивика мобилитас го организира третиот Национален форум на кој ќе се претстават граѓанските организации со мноштво активности. Форумот ќе се одржи на 23 септември во Градскиот парк во Скопје, на Школка од 11.00 до 17.00 часот.

Во опуштена атмосфера, посетителите ќе бидат дел од работилници, презентации, проекции и изложби проследени со богата музичка програма. Организациите пак, ќе се потрудат на забавен и интерактивен начин да им ги претстават своите залагања, предизвици, проекти и досегашни постигнувања.
Семејството на Цивика мобилитас денес се состои од 208 грантисти. Сите промени кои тие ги предизвикале, големи и мали, се само дел од сложувалката наречена „граѓанско општество“.
Бидете дел од денот на граѓанските организации, покажете ја вашата желба за промени!
Заврши проверката на административната усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците на акциските грантови да бидат познати кон средината на јули, по што ќе бидат известени сите пријавени организации.
Миграциите беа носечката тема на десеттиот регионален форум на Цивика мобилитас кој ги опфати вардарскиот и североисточниот регион, а се одржа на 14 јули 2016 г. во Свети Николе. Вкупно 69 претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани беа дел од овој речиси целодневен настан.