Дваесет нови институционални грантови од Цивика мобилитас
Направен е прелиминарниот избор за институционални грантисти на вториот повик за институционални грантови на Цивика мобилитас. Потенцијални добитници добитници се:
Еколошко друштво „Планетум“ Струмица; Еколошко здружение –Движење „Еко герила“ Тетово; Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ Скопје; Здружение за развој и активизам „Аква“ Струга; Здружение за развој на медиуми „Онлимит-Медиа“ Скопје; Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје; Институт за човекови права Скопје; Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ – Скопје; Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје; Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје; Младински културен центар – Битола; Младински образовен форум Скопје; Младински сојуз – Крушево; Мултикултура – Тетово; Совет за етика во медиумите на Македонија „Етика прес“ Скопје; Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, Велес; Фондација за поддршка на претприемништво на жени и млади „Егалите“, Камењане, Боговиње; Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар; Центар за интеркултурен дијалог Куманово; и Центар за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“.

Новите грантисти дејствуваат во седум различни сектори и тоа најмногу во секторите на доброто владеење (и човекови права) и деца, млади и студенти, но и во секторите за информации и комуникации (медиуми), животна средина, меѓуетнички односи, ЛГБТИ и вработување. Половина од грантистите се организации регистрирани во Скопје, кои дејствуваат на национално ниво; четири организации од полошкиот регион, две од пелагонискиот, а по една организација од североисточниот, југозападниот и вардарскиот регион. Вкупниот износ на грантовите нема да надмине 65.000.000 денари.
На повикот што беше отворен до 15 јануари 2016 г. беа поднесени 126 пријави за институционален грант, а претходно во декември 2015 година беа одржани пет информативни сесии, на кои учествуваа над 80 претставници на вкупно 64 граѓански организации.
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.
Објавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.
