ИЗВЕСТУВАЊЕ
Цивика мобилитас ве известува дека линијата за поддршка (канцеларија) на Цивика мобилитас ќе биде отворена во рамки на работното време на 4, 5 и 6 јануари, додека на 7 и 8 јануари 2016 г. линијата за поддршка ќе биде затворена. Прв следен работен ден за линијата за поддршка е 11 јануари (понеделник) 2016 година. Исто така, ве известуваме дека за пристигнатите концепти за ад хок грантови нема да се одлучува во периодот до 11 јануари 2016 г.
Денес (18 ноември 2014 година), во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше промовирана новата фаза на програмата Цивика мобилитас која им е наменета на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество и ќе трае четири години.