Тематски форум на Цивика мобилитас: „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“
Цивика мобилитас го организира Тематскиот форум „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“.
Настанот, којќе се одржи во среда, 13 април 2022 година од 11.00 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје, ќе може да го проследите и онлајн, преку стрим во живо на официјалната Фејсбук страна на Цивика мобилитас.
Подобрувањето на системот на државно финансирање е еден од приоритетите на граѓанското општество, а според Програмата за работа на Владата на РСМ за периодот 2022-2024, приоритет е и на извршната власт во земјава. Сепак, неодамнешните реструктурирања и кратења на буџетот за граѓанските организации не ги потврдуваат заложбите на Владата за унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Зошто е така и какви ќе бидат следните чекори на Владата, а какви на граѓанските организации ќе биде дел од дискусијата на Тематскиот форум на Цивика мобилитас на кој ќе зборуваат: Рами Керими, Државен секретар во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците; Весна Тасевска, помошник раководител на Секторот за анализа на политиките и координација, Генерален секретаријат на Владата и Лилјана Јоноски, член на Работната група за реформа на системот на државното финансирање на ГО.
Заложбите на граѓанските организации се исти години наназад и се однесуваат на: зголемување на висината на средства наменети за финансирање на ГО; обезбедување институционална поддршка за граѓанските организации; обезбедување кофинансирање на активностите кои се поддржани од други донатори; напуштање на праксата на едногодишно и неизвесно финансирање, и градење свесност и пракса за повеќе годишна организациска и проектна поддршка; зголемена висина на индивидуалните грантови; унапредување на транспарентноста, ефективноста и отчетноста на постапката на дистрибуирање на средствата; зголемена отчетност и транспарентност на граѓанските организации за потрошените средства доделени од страна на државата, но и општо во нивното работење; обезбедување соодветна географска распределба на поддршката од државата за граѓанските организации.
Тематскиот форум на Цивика мобилитас обезбедува простор за дискусија помеѓу претставниците на граѓанските организации, институциите на национално или локално ниво и сите други чинители важни за решавање на прашањата кои се третираат.
Цивика мобилитас e програма за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

With paraphrase of the Polio Plus message “Nothing for us, without us”, Petrus Theunisz, international Civica Mobilitas team leader, opened the regional forum in the East and Southeast region, which took place under the motto “Everybody involved, involvement for everybody!” in the Multimedia Center Kanal 77, in Shtip on 7 October 2016.
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.