Кодексот ќе ја зголеми меѓусебната доверба на организациите и ќе изгради подобра слика за нив
Денес, 31 март 2022г., се одржа онлајн информативна сесија за Кодексот на граѓански организации на која учествуваа 34 претставници од организациите, грантисти на програмата Цивика мобилитас.
Учесниците беа запознаени со процесот на подготовка на Кодексот, придобивките од оваа алатка за поголема отчетност и нејизната цел. „Кодексот претставува катализатор за постојано развивање на вредностите на организациите. Со него ќе се зајакне системот на саморегулација што ќе придонесе за поголема транспарентност, ефикасност и доверба во граѓанските организации“, истакна Александра Савеска, соработник за проекти во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Учесниците во групи зборуваа за своето досегашно искуство во саморегулацијата во организациите и го дадоа своето мислење за потенцијалните придобивки од Кодексот, предизвиците со кои би се соочиле при спроведување и на кој начин би ја примениле алатката во нивната работа. Кодексот за граѓански организации ќе помогне да се зголеми квалитетот на работата во организациите. Тоа ќе придонесе за поголема транспарентност што ќе ја зголеми довербата помеѓу организациите во секторот и граѓаните. Ќе се изгради и подобра слика кон донаторите со што ќе се подобри финансиска состојба, е општиот заклучок од дискусиите.
Дел од учесниците изразија интерес да го потпишат Кодексот, истакнувајќи дека пристигнува во идеален момент за нивните организации. Тие ќе добијат поддршка од тимот задолжен за спроведување.

Досега, вкупно 62 граѓански организации се потпишаа, а сите заинтересирани организации кои сакаат да пристапат на Кодексот ќе може да го направата тоа пополнувајќи ја следната изјава (deklaratë për pranimin e Kodit). Изјавите се депонираат во Македонскиот центар за меѓународна соработка на следниот е-маил: asv@mcms.mk.Со пристапување организациите стануваат дел од платформата за развивање на Кодексот и подобрување на транспарентноста и отчетноста на граѓанскиот сектор.

With paraphrase of the Polio Plus message “Nothing for us, without us”, Petrus Theunisz, international Civica Mobilitas team leader, opened the regional forum in the East and Southeast region, which took place under the motto “Everybody involved, involvement for everybody!” in the Multimedia Center Kanal 77, in Shtip on 7 October 2016.
„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.