Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации
Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 1 октомври до 30 декември 2021.
Беа доставени 59 пријави, од кои четири организации се добитници на мал грант, и тоа:
- Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ Велес со проектот „Направи сам за своето дете (Прирачник за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали)“;
- Здружение на граѓани Чејнџмејкерс Гевгелија со проектот „Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија“;
- Здружение за туризам и угостителство – Крушево со проектот „Јакнење на соработката меѓу туристичкиот сектор и локалните јавни претпријатија“;
- Прима центар Скопје – здружение за креативен развој со проектот „Противпожарно заштитена зграда и општина“;
Новите грантисти ќе дејствуваат во секторите за здравје и здравствена заштита, лица со хендикеп, развој на граѓанско општество и животна средина и природни ресурси. Акциите ќе се спроведуваат во период од два до седум ипол месеци.
Избраните организации се од скопскиот, вардарскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион во РС Македонија и ќе делуваат на локално и регионално ниво.
Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 1.313.000 МКД.

Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.