Одбројуваме до Фестивалот на Цивика мобилитас – „Ден на граѓанските организации“
Заврши пријавувањето на учесници на овогодинешниот фестивал „Ден на Граѓанските Организации“ што ќе се одржи на 25 септември во Градскиот парк во Скопје пред Школка.
Пристигнаа 94 апликации за учество на настанот. Тимот на Цивика мобилитас им благодари на сите за искажаниот интерес! Целосната листа на пријавени организации, преземете ја во продолжение.
Благодарение на пријавите, веќе сега знаеме дека посетителите ги очекува интересен ден, исполнет со различни теми, приказни, постигнувања. Понудата на организациите е разнолична, каков што е и граѓанскиот сектор во земјата. Веруваме дека таа ќе го привлече и задржи вниманието на намерните и случајните посетители.
Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде граѓанските организации имаат можност да се претстават пред граѓаните и да ги информираат за активностите што ги спроведуваат и резултатите што ги остваруваат. Темата на овогодинешниот Фестивал е „30 години граѓански активизам“.
Сите активности на настанот ќе бидат организирани во согласност со мерките за безбедност и заштита на здравјето на учесниците и посетителите. Истовремено би сакале да Ве известиме доколку до датумот на одржување се донесат нови мерки и забрана за организирање на настани истиот ќе биде одложен.

Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.