Да се подобри протокот на информации меѓу граѓанските организации и Главниот штаб за координирање кризи
„Во справувањето со оваа пандемија два моменти се многу важни: интензивната соработка и комуникација со сите чинители и честата комуникација со јавноста за да се пресретнат предизвиците на ширење на лажни вести, да се дадат точни информации и да се слушне фидбек“, рече во своето воведно излагање д-р Венко Филипче, министер за здравство на денешниот Тематски форум на Цивика мобилитас на тема: „Справување со кризата со (не)доволно ресурси“.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов се задржа на два аспекти во соработката со граѓанските организации: подигање на јавна свест и надзор и контрола на политиките. „Очекуваме, граѓанскиот сектор уште повеќе да придонесува за овие прашања со што граѓаните ќе бидат поинформирани што треба да придонесе за подобра превенција во борбата со пандемијата“, додаде тој.

За Зоран Дранговски, од Македонското здружение на млади правници, еден од претставниците граѓанскиот сектор во Главниот штаб за управување со кризи клучно е институциите да знаат што работат ГО за да ги знаат капацитетите и ресурсите со кои располагаат.

Граѓанските организации, во најголем дел грантисти на Цивика мобилитас, ги презентираа пред претставниците на институциите заклучоците и препораките од претходната средба, а на денешната уште еднаш потенцираа дел од горливите прашања како што се пристапот до информации, пристапот до услуги, третманот на лицата со хендикеп и другите ранливи категории итн. Присутните се интересираа за тоа дали институциите планираат подготвителни активности за процесот на вакцинација, односно како ќе ги информираат граѓаните, кои граѓани ќе имаат приоритет и како ќе се справуваат со предизвиците кои ќе ги носи целиот процес.
Зборувајќи за соработката со граѓанските организации, Филипче потенцирашe повеќе добри примери и пред кризата и истакна: „Сакаме да направиме законски измени со кои ќе ги зголемиме ингеренциите на граѓанските организации со што ќе ги искористиме нивните капаци-тети. Тие имаат знаења, добра комуникации со корисниците, соодветни ресурси кои можат да бидат од помош“, и додаде дека политика може да се спроведе само ако служи на групата на која и е наменета. „Особено е важно, таа група да била вклучена во создавањето на политиката“, рече министерот.
Дранговски истакна дека ќе инсистираа на подобар проток на информациите од Главниот кризен штаб кон јавноста и дека ќе побараат форма на директна комуникација преку која претставниците на ГО ќе можат да ги пренесуваат информациите кон јавноста. Во таа насока, заклучоците од овој форум ќе бидат презентирани на првиот состанок на Главниот кризен штаб, веќе во понеделник на 21 декември 20202 година.
Дебатата ја следеа околу 200 граѓани, дел на платформата Зум (Zoom), а дел преку преносот во живо на Фејсбук.
Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.
Цивика мобилитас, денес (17 мај 2016 година) ги промовираше новите 48 грантисти и тоа институционалните грантови за 20 граѓански организации, специфичните акциски грантови за седум граѓански организации, мали акциски грантови за 12 граѓански организации и ад хок грантови за девет граѓански организации.
With paraphrase of the Polio Plus message “Nothing for us, without us”, Petrus Theunisz, international Civica Mobilitas team leader, opened the regional forum in the East and Southeast region, which took place under the motto “Everybody involved, involvement for everybody!” in the Multimedia Center Kanal 77, in Shtip on 7 October 2016.