Краен рок за поднесување пријави за првиот повик за акциски грантови
Крајниот рок за поднесување пријави за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас, реф. бр. ЦМ-АКТ-01 е среда, 20 мај 2015 г. до 16 часот. Канцеларијата на МЦМС ќе биде отворена за прием на пријавите од 9 до 16 часот на 20 мај 2015 г.
Им обрнуваме внимание на апликантите пред да ја поднесат пријавата внимателно да го прочитаат ВОДИЧОТ ЗА АПЛИКАНТИТЕ, дел 3.4. Поднесување на пријавата. Поточно.
Пријавата која е поднесена лично, преку пошта или курирска служба мора да биде доставена пред истекот на крајниот рок до следнава адреса:
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за програмата Цивика мобилитас
ул. Никола Парапунов, бр. 41а
(за доставување лично или со курирска служба)
Пошт. фах 55, 1060 Скопје
(за доставување преку пошта)
Пријавите мора да бидат поднесени во ЕДЕН запечатен плик со истакнати:
- Наслов на повикот за предлози: Цивика мобилитас – акциски грантови;
- Референтен број на овој повик за предлози: ЦМ-АКТ-01;
- Име на апликантот;
- Адреса на апликантот;
- Зборовите: „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“.
Запечатениот плик треба да содржи:
- Еден оригинал, отпечатен, захефтан и потпишан во формат А4;
- Пет копии, отпечатени и захефтани во формат А4.
- Една електронска верзија на ЦД или УСБ.
За да се избегнат трошоци и за да се заштити животната средина, препорачуваме двострано печатење и да не се користи пластифицирање.
Повеќе информации за повикот.
Повеќе информации за локацијата на канцеларијата на МЦМС, вклучително мапа.
Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.