Над 40 одговорени прашања на онлајн инфо-сесијата за повикот за грантови

Над 100 претставници на граѓанските организации ја проследија онлајн информативната сесија за вториот и последен повик за институционални грантови на Цивика мобилитас. Со овие грантови ќе се поддржат 15 граѓански здруженија наредните две години. Грантовите се наменети за организациско зајакнување и институционалниот развој на здруженијата.
Тимот на Цивика мобилитас детално ја објасни постапката за аплицирање и содржината на пријавата. Учесниците имаа можност да ги разјаснат нивните недоумици и на самото место да добијат одговори на конкретните прашања во врска со програмата и повикот. Дел од прашањата се однесуваа на тоа каков тип активности придонесуваат кон институционален развој и организациско јакнење; кои се подобни трошоци; дали лицата кои работат во организацијата мора да бидат вработени; дали дел од грантот може да се прикаже како ко-финансирање за грантови кај други донатори итн.
Сите поставени прашања за време на информативната сесија ќе бидат одговорени и објавени на е-платформата на Цивика мобилитас.
Повикот за институционални грантови беше отворен на 4 мај 2020 година. Рокот за поднесување на пријавите е 1 јуни 2020 година. За прашања поврзани со повикот, организациите можат да контактираат со канцеларијата на Цивика мобилитас најдоцна до 16 мај 2020 година на е-пошта: helpdesk@civicamobiltas.com
Предложените активности треба да траат точно 24 месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 3.000.000 и 4.000.000 денари, а се очекува да се доделат 15 грантови.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор.
Мобилизирање на заедниците, промоција на граѓанскиот активизам и зајакнување на конституентите на граѓанските организациции беше главната идеа на работилницата што се одржа на 14 јуни 2016 година во Канцеларијата за млади на Општина Центар, Скопје. На работилницата учествуваа деветнаесет претставници на институционалните и акциските грантисти на