Информативна сесија за повикот за институционални грантови
Објавен е вториот повик за институционални грантови во рамки на Цивика мобилитас.
За таа цел ги каниме заинтересираните здруженија, фондации и сојузи да учествуваат на онлајн информативната сесија која ќе се одржи на 12 мај 2020 година со почеток во 14 часот. Сесијата ќе се одвива преку платформата Microsoft Teams, а линкот за пристапување ќе го објавиме во 13 часот на веб страната и фејсбук страната на Цивика мобилитас.
Тимот на програмата подетално ќе информира за повикот, за тоа што се очекува од овој тип на грантисти, кои трошоци се подобни и што содржи пријавата. Исто така, ќе одговори и на прашањата и/или дилемите кои произлегле од подготовката на вашата апликација.
Прашањата можете предвреме да ги поставите на helpdesk@civicamobilitas.mk или за време на самата информативна сесија и истите ќе бидат одговорени во живо.
Повикот за институционални грантови е отворен до 1 јуни 2020 г.
Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.