Ден на граѓанските организации 2019
Бидете дел од настанот Ден на граѓанските организации и дојдете во паркот Ибни Пајко и на плоштадот Скендербег на 14 септември (сабота) во 10:00 часот за да се учествувате во многубројните активности кои за вас ги спремија над 80 граѓански организации.
Програмата во младинското, креативното и едукативното катче изобилува со креатвни работилници, обуки и предавања за сите возрасти. Во паркот Ибни Пајко ќе можете да учествувате во мноштво игри и разонодувачки активности.
На платото Скендербег ќе можете одблиску да се запознаете со граѓанските организациии, да поразговарате со нив и да се приклучите кон нивните активности.
Придонесот на граѓанските организации во општеството и заедницата е огромен и „Денот на граѓанските организации“ е одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата.


Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.
Цивика мобилитас беше дел од петтиот по ред Д-фестивал, кој се одржа од 17 до 19 јули 2015 година во Стар Дојран. Во фестивалскиот камп беа одржани два настани: информативна сесија за програмата и тематски форум посветен на граѓанскиот ангажман.