Пријави учество на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Цивика мобилитас со задоволство ви го најавува фестивалот „Ден на граѓанските организации“ кој по втор пат ќе се одржи на 14 септември 2019 година во 10 часот на платото кај старата скопска чаршија/ плоштадот Скендербег и паркот Ибни Пајко во Скопје.
Доколку сакате вашата граѓанска организација да биде активен учесник на овој фестивал, пријавете се на оваа форма http://bit.ly/nfcm2019 најдоцна до 3 септември до 12.00 часот.
Настанот е отворен за сите граѓански организации.
Ова е одлична прилика за граѓанските организации на лежерен и интерактивен начин да го претстават нивниот придонес во општеството пред пошироката публика. Посетителите ќе можат да се приклучат на многубројните активности и да се информираат повеќе за темите кои ги засегаат од нивниот општествен живот.
Повеќе информации за фестивалот може да најдете на овој Facebook event
Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор.