Три публикации и 63 успешни приказни од малите акциски грантови на Цивика мобилитас
Цивика мобилитас објави три публикации во кои се презентирани вкупно 63 успешни акции на добитниците на мали грантови. Сумираните резултати од активностите на граѓанските организации, покажуваат како одговориле на потребите на нивните конституенти.
Резултатите од малите акциски грантови воопшто не се мали. Различни, но сериозни предизвици беа опфатени како што се: реинтеграцијата на бездомните лица во општеството, економското јакнење на девојките и жените од руралните средини, заштита на животната средина и животните, дигитализација, пристап кон мигранти, независниот живот на лицата со Даунов синдром итн.
Иако публикациите се за постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас, тие не се завршени. Акциите отворија прашања кои се од големо значење за граѓаните на кои треба да се работи во годините кои доаѓаат. Сепак, веруваме дека досега направеното ќе биде инспирација за сите нас, да продолжиме заедно да ги правиме општествените промени.
Публикациите прочитајте ги тука:
ПРВ ДЕЛ: Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас – мали грантови
ВТОР ДЕЛ: Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас – мали грантови
ТРЕТ ДЕЛ: Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас – мали грантови
Што значи и зошто е важна мобилизацијата на заедницата, која е целта, мотивот и каква е улогата на граѓанските организации? Овие прашања беа само дел од воведните излагања и дискусиите кои се развија на тематскиот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 13 октомври 2016 година во Едукативниот центар М6 во Скопје.