Тематски форум: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“
Ве покануваме на Тематскиот форум на Цивика мобилитас на тема: „Како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации и локалните власти“ што ќе се одржи на 26 ноември 2021г. (петок) во 13 часот, онлајн, преку платформата Зум.
Целта на форумот е да поразговараме за тоа каква е и како може да се подобри соработката помеѓу граѓанските организации и општините, земајќи предвид дека имаат иста целна група, граѓаните.
На настанот ќе зборуваат претставници на три граѓански организации и тоа: Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации; Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот и Слаѓан Пенев од ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација. Нивните излагања ќе се однесуваат на досегашната соработка со општините, поддршката во подготовка на стратешки документи, функционирањето на инспекциските служби на локално ниво, отвореноста на општините и можностите за соработка преку нив и со нивните јавни претпријатија.
Покрај нив, на Форумот ќе се обрати и Душица Перишиќ, извршна директорка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). На Форумот поканивме и повеќе градоначалници, да ги споделат своите искуства или визии за соработката со граѓанските организации.
На Тематскиот форум ќе учествуваат претставници на грантистите на Цивика мобилитас и на другите граѓански организации како и други заинтересирани страни.
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.