Што ви нуди Фестивалот на Цивика мобилитас
Се поблиску сме до одржувањето на овогодинешниот Фестивал „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 25 септември во Градскиот парк во Скопје пред Школка.
Во пресрет на дружењето во сабота, погледнете ја програмата за настанот и активностите на главната сцена. Дополнително, на нашата официјална Фејсбук страна „Цивика мобилитас“ креиран е и официјален настан за фестивалот.
На информативните штандови од 10 до 15 часот можете да запознаете 91 граѓанска организација и да ги видите нивните активности и поразговарате за нивната работа. Дел од нив ви нудат учество на интерактивни работилници за изработка на ракотворби или реставрирање предмети од дрво. Може ќе се определите за некоја од дискусиите на теми како социјално претприемништво или дезинформации и говор на омраза во јавната комуникација. Најмладите ќе можат да учат за сообраќајната култура и сајбер безбедност преку игри.
Фестивалот на Цивика мобилитас е најголемиот настан од ваков вид, каде граѓанските организации имаат можност да се претстават пред граѓаните и да ги за активностите резултатите што ги остваруваат. Темата на овогодинешниот Фестивал е „30 години граѓански активизам“.
Сите активности на настанот ќе бидат организирани во согласност со мерките за безбедност и заштита на здравјето на учесниците и посетителите. Истовремено би сакале да Ве известиме доколку до датумот на одржување се донесат нови мерки и забрана за организирање на настани истиот ќе биде одложен.
Се гледаме во сабота!

Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.
„Семејството на грантисти на Цивика мобилитас, од денес се зголеми за 22 нови членови и сега брои вкупно 115 организации“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на денешната промоција на новите акциски, мали и ад хок грантисти на Цивика мобилитас.
Денес (18 ноември 2014 година), во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше промовирана новата фаза на програмата Цивика мобилитас која им е наменета на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество и ќе трае четири години.