Доделени шест нови мали грантови за граѓанските организации
Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021.
Беа доставени 57 апликации, од кои шест организации се добитници на мал грант, и тоа:
- Здружение за развој МЛАДИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС Дебар со проектот Креирање услови за пристап на лицата со телесна попреченост до неопходните државни институции и други неопходни објекти;
- Здружение за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА – Скопје со проектот Рехабилитација на жени затворенички;
- Организација на жени Лозово со проектот Економско-социјалните права на текстилците;
- Здружение на граѓани за култура и уметност АН –БЛОК Скопје со проектот Поттикнување општествена одговорност кај младите преку волонтерски активности;
- Центар за култура, комуникација и едукација на Ромите СВЕТЛА ИДНИНА Кочани со проектот Здравата животна средина е наша одговорност – да покажеме на дело;
- Здружение Хуманитарна Организација Ел Хилал со проектот Подигање на свест поттик, мотивација и перцепција кон разноличноста;
Проектите на новите грантисти ќе се спроведуваат во шест различни сектори, а се однесуваат на човекови права, лица со посебни потреби, толеранција, животна средина и природни ресурси, владеење на правото и образование, наука и истражување.
Избраните организации се од различни региони во РС Македонија односно од скопскиот, југозападниот, источниот и вардарскиот регион и ќе делуваат на локално, регионално и национално ниво.
Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 1.796.340 МКД.
Објавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.
Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.