Тематски форум: „Улогата на медиумите и граѓанскиот сектор во јавното информирање за успешно спроведување на пописот 2021“
Ве покануваме да го проследите Тематскиот форум на Цивика мобилитас на тема: „Улогата на медиумите и граѓанскиот сектор во јавното информирање за успешно спроведување на пописот 2021“.
Форумот ќе се емитува вечерва (20 април) во „Емисија 200“ на телевизија Алсат-М во 21:45 часот.
Во емисијата во улога на говорници ќе учествуваат:
- Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Н.Е Сибил Сутер Техада;
- Александар Кржаловски, директор на МЦМС и Национален тим лидер на Цивика Мобилитас програмата;
- Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика;
- Катарина Синадиновска, претседателка на Советот за етика во медиумите во Македонија.
Модератор на Тематскиот форум ќе биде Назим Рашиди, новинар и основач на Здружението
Диверзити медиа.
Граѓанските организации и Цивика мобилитас заедницата на форумот ќе учествуваат преку прашањата доставени на маил, а истите ќе бидат упатени до учесниците од страна на директорот на МЦМС – Александар Кржаловски.
Тематскиот форум посветен на улогата на медиумите и граѓанските организации во информирањето за процесот на попишување, можете да го проследите во живо преку социјалните медиуми на овој ЛИНК.

Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.