Линк до информативната сесија за повикот за институционални грантови
Денешната информативна сесија за повикот за институционални грантови ќе започне во 14 часот и ќе се одвива на платформата Microsoft Teams.
За да пристапите кликнете на https://bit.ly/cmins05info
Доколку ви е потребна дополнителна помош при најавувањето, следете ги упатствата од овој документ https://bit.ly/upatstvo-cmins05
За време на информативната сесија тимот на програмата подетално ќе информира за повикот, за тоа што се очекува од овој тип на грантисти, кои трошоци се подобни и што содржи пријавата.
Исто така, ќе одговори и на прашањата и/или дилемите кои произлегле од подготовката на вашата апликација.
За време на самата информативната сесија ќе имате можност да поставувате прашања и истите ќе бидат одговорени во живо.
Повикот за институционални грантови е отворен до 1 јуни 2020 г.
Под ова мото се одвиваше регионалниот форум на Цивика мобилитас за полошкиот и скопскиот регион што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 25 октомври 2016 година. Вкупно 62 претставници на граѓански организации, граѓански иницијативи, медиуми и институции разговараа не само за загадувањето кое не е нова вест во двата региони, туку за тоа како да се најдат решенија за загадената почва, вода и воздух.