Се оценуваат предлозите за институционални грантови
На повикот за апликации за институционални грантови на Цивика мобилитас пристигнаа 144 пријави. Повикот беше отворен до 3 јуни 2019 година.
По проверката за административна усогласеност и подобност на пријавите, 16 апликанти беа означени како неподобни, а останатите предлози во моментов се оценувани од независната комисија. Резултатите од овој повик ќе бидат објавени во првата недела на јули.
Институционалните грантови се предвидени да го поддржат организациското јакнење на поединечните граѓански организации, вклучувајќи и коалиции, мрежи и платформи. Тие ќе предводат активности кои го здружуваат остатокот од грантистите на Цивика мобилитас, како и севкупното граѓанско општество во Северна Македонија.
„Семејството на грантисти на Цивика мобилитас, од денес се зголеми за 22 нови членови и сега брои вкупно 115 организации“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на денешната промоција на новите акциски, мали и ад хок грантисти на Цивика мобилитас.