Се комплетираа специфичните грантисти
Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор.

Нови специфични акциски грантисти се: Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) за проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум ќе го спроведува „Индекс на граѓанско општество – Анализа и поддршка за развој на граѓанското општество“, Здружението за рамноправен развој Решенија за развој ќе креира и развива „Е-платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија“, додека Асоцијацијата за развојни иницијативи – ЗЕНИТ ќе го спроведе проектот „Нема подобрување без мерење – иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија“.

Претходно, во 2015 г. Комисија за избор на грантови ги избра Центарота за економски анализи за акциски-ориентираното истражување „Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество“, Асоцијацијаата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ за спроведување на истражувањето „Граѓанското општество – пасивен или активен чинител во општествените промени?“ и Македонскиот институт за медиуми за „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“.
На вториот, повторен повик за специфични акциски грантови, беа поднесени вкупно 19 пријави.
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денес (12.2.2016 година), во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас.