Новите институционални грантисти на Цивика мобилитас на прв информативен состанок
Претставници на 20те потенцијални институционални грантисти на Цивика мобилитас, денес (6 април 2016 година) го имаа првиот информативен состанок.

На грантистите накратко им беше презентирана Програмата и пристапот кој се базира на теоријата на промени. Беше потенцирано дека учењето и споделувањето како основа за растење и зајакнување на организациите е многу важно особено што очекувањата се, така создадената критична маса, да придонесе за општествени промени. Беше истакнато и дека искуството на организациите како и добрите пракси може да се користат како ресурс во меѓусебното надградување.
Ибрахим Мехмети, од СДЦ потенцираше дека за донаторот е од особен интерес да се зајакне односот на организациите со граѓаните. Тој исто така додаде дека Цивика мобилитас нема посебни барања од грантистите освен да продолжат да го прават тоа што веќе го прават, на најдобар можен начин.
Со грантистите беа споделени и досегашните искуства и резултати од институционалните грантисти од првиот повик. Особено беше истакната важноста на видливоста на Цивика мобилитас и доброто презентирање на постигнатите резултати.

Потоа беше презентиран Договорот и очекувањата од грантистите, начинот на известување, процесот на доработкана двогодишните планови итн. Промоцијата на новите институционални грантисти се очекува да биде на 17 мај 2016 година.
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.
Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.
Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.