Покана за настан на Цивика мобилитас
Тимот на Цивика мобилитас со задоволство Ве поканува на настаните што ќе се одржат на 5 мај (вторник) 2015 година од 10.00 до 16.00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
Покрај свеченото доделување на институционалните грантови, пред присутните ќе бидат презентирани акциските грантови за кои веќе е отворен повикот, а ќе бидат најавени малите грантови за локални општествени акции и ад-хок грантовите.
За дополнителни информации за настаните можете да контактирате со Адил Бакиу на: helpdesk@civicamobilitas.mk или на телефон: 02/3065-381.
Линијата за поддршка на Цивика мобилитас ќе биде на располагање на сите учесници од 10 до 16 часот во холот на МКЦ. Во истиот период, од 10 до 16 часот во Кафе МКЦ, ќе се одржат и билатералните состаноци на тимот на Цивика мобилитас со апликантите и другите заинтересирани учесници. http://mkc.mk/category/prostori

Пријавете се за учество на настанот со пополнување на онлајн формуларот.
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.
Со организирањето на форумот за пелагонискиот и југозападниот регион, во петок, на 24 јуни 2016 година во Битола, започнува новиот циклус
